ТВН 1

Вовед

Добредојдовте на страницата за предметот Техника на висок напон 1 (ТВН 1), којшто е задолжителен во петтиот семестар на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).

Наставник: доц. д-р Јорданчо Ангелов

Соработник: доц. д-р Јорданчо Ангелов

Фонд на часови: 3+1+1+0

Цели на предметот: Разбирање на особеностите на високонапонските изолациони конструкции (надворешна и внатрешна изолација), применетите материјали и процесите кои доведуваат до нива деградација. Оспособеност за примена на методите за профилактичко испитување на изолацијата, вклучувајќи ги начините за генерирање и мерење на високи испитни напони и мерење на основните показатели на изолацијата.

Кратка содржина: Вовед. Диелектрици. Изолациони материјали. Испитни напони. Добивање на високи испитни напони. Мерење на високи напони. Пробив во диелектрици. Стареење на изолацијата. Изолациони конструкции. Методи за испитување на изолацијата – профилактика на изолацијата. Недеструктивни неелектрични методи за контрола на изолацијата.

Основна литература:

  1. М. Тодоровски, Техника на висок напон 1 (интерна скрипта), ФЕИТ, Скопје, 2014.

Дополнителна литература:

  1. Р. Миновски, Техника на висок напон, ЕТФ, Скопје, 1982.
  2. E. Kuffel, W.S. Zaengl, and J. Kuffel, High Voltage Engineering: Fundamentals, Newnes, Elsevier, Oxford, 2000.