ЕМ

Вовед

Добредојдовте на страницата за предметот Електрични мрежи (ЕМ), којшто е задолжителен во четвртиот семестар на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).

Наставник: проф. д-р Мирко Тодоровски

Соработник: м-р Васко Здравески

Фонд на часови: 3+2+0+0

Цели на предметот: Стекнување на познавања од областа на електричните мрежи. Запознавање со елементите на електричните мрежи и нивните заменски шеми. Изучување на методологии за решавање на радијални и сложени затворени мрежи. Избор и димензионирање на електроенергетските мрежи.

Кратка содржина: Област на изучување. Задача на електричните мрежи (ЕМ). Поделба. Облици на ЕМ. Елементи на ЕМ и нивни заменски шеми. Товари. Сведување. Релативни единици (pu). Решавање на вод. Загуба на напон и моќност. Решавање на радијални и сложено затворени мрежи. Класични и матрични постапки. Димензионирање на ЕМ. Регулација на напоните и реактивните моќности во ЕМ. Загуби на енергија во ЕМ. Техно-економски анализи.

Основна литература:

  1. Р. Ачковски, М. Тодоровски, Електрични мрежи, ФЕИТ, Скопје, 2017.

Дополнителна литература:

  1. Р. Ачковски, М. Тодоровски, Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи, ФЕИТ, Скопје, 2007.