ВНМС

Вовед

Добредојдовте на страницата за предметот Високонапонски мрежи и системи (ВНМС), којшто е задолжителен во петтиот семестар на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).

Наставник: проф. д-р Мирко Тодоровски

Соработник: м-р Васко Здравески

Фонд на часови: 3+2+0+0

Цели на предметот: Стекнување знаења од областа на високонапонските преносни мрежи, регулацијата на напоните во нив, кусите врски и нивна анализа како и определени аспекти на нивната статичка и динакичка стабилност во ЕЕС.

Кратка содржина: Вовед. Област на изучување. Основни поими. Пре­нос на електрична енергија со долги трифазни водови. Регулација на напони и реактивни моќности во ЕЕС: регулациони трансфор­матори, инјекција и прераспределба на реактивната моќност, U-Q карактеристика на потрошувачки јaзел. Куси врски во ЕЕС. Општо за кусите врски – видови, причини и последици. Облик на струјата на куса врска, дозволени упросту­вања. Симетрични компоненти, замен­ски шеми, општи релации. Матрични методи за анализа. Средства и мерки за ограничување на струите на куса врска. Ста­билност на работата на ЕЕС – статичка и динамичка. Општо за електро­механичките преодните процеси, поими и дефиниции. Равенка на движење. Моделирање. Аглови карактеристики на моќ­ност. Статичка стабилност, метод на мали осцилации. Динамичка стабилност. Критериум на еднакви површини. Повеќемашински систем. Мерки за подобрување на стабилноста на ЕЕС.

Основна литература:

  1. Р. Ачковски, Високонапонски мрежи и системи, ЕТФ, Скопје, 1995.
  2. Р. Ачковски, М. Тодоровски, Електрични мрежи, ФЕИТ, Скопје, 2017.

Дополнителна литература:

  1. Р. Ачковски, М. Тодоровски, Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи, ФЕИТ, Скопје, 2007.