ЗЗС

Вовед

Добредојдовте на страницата за предметот Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи (ЗЗС), којшто е изборен во петтиот семестар на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).

Наставник: проф. д-р Мирко Тодоровски

Соработник: доц. д-р Јорданчо Ангелов

Фонд на часови: 3+2+0

Цели на предметот: Разбирање на опасностите од напон на допир и чекор во согласност со прописите кај нас и во светот, како и оспособеност за пресметка, димензионирање и проектирање на заземјувачи и заземјувачки системи.

Кратка содржина: Вовед. Област на изучување. Задача и основни карактеристики на заземјувачите и заземјувачките системи (ЗС) во електроенергетските мрежи (ЕЕМ). Моделирање концентрираните заземјувачи. Заемно влијание на блиските заземјувачи. Нумеричко решавање на концентрираните заземјувачи. Примена на готови софтверски алатки. Надземни водови како елементи на ЗС. Заземјувачи на столбовите и трафостаниците за висок и среден напон. Типски решенија и нивни карактеристики. Ударна импеданција. Модел на ЗС на надземен вод, детално и приближно моделирање. Редукционен фактор. Енергетски кабли како елементи на ЗС. Модел со распределени параметри и модел со еквивалентен четворокрајник. Редукционен фактор. Извезување на потенцијалот. Останати видови концентрирани заземјувачи во ЕЕМ. Сложени ЗС во ВН преносни мрежи. Пресметка на распределбата на потенцијалите и струите на земјоспој. ЗС на СН дистрибутивни мрежи, третман на неутралната точка, практика, препораки, техничка регулатива. Современи нумерички постапки за решавање на ЗС.

Основна литература:

  1. Р. Ачковски, Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи (интерна скрипта), ФЕИТ, Скопје, 2008.
  2. J. Nahman, Uzemljenје neutralne tačke distributivnih mreža, Naučna knjiga, Beograd, 1980.
  3. L. L. Grigsby, The Electric Power Engineering Handbook, part: Substation Grounding, CRC PRESS, IEEE PRESS, 2001.

Дополнителна литература:

  1. Технички препораки, правилници и стандарди.
  2. Д. Рајичиќ, Вовед вo дистрибутивни електроенергетски системи, ЕТФ, Скопје, 1995.