ТВН 2

Вовед

Добредојдовте на страницата за предметот Техника на висок напон 2 (ТВН 2), којшто е задолжителен во шестиот семестар на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).

Наставник: доц. д-р Јорданчо Ангелов

Соработник: доц. д-р Јорданчо Ангелов

Фонд на часови: 3+2+0+0

Цели на предметот: Запознавање со карактеристиките на молњата како извор на атмосферските пренапони, заштита на електроенергетски објекти, постројки и надземни водови, координација на изолацијата, методи за анализа, симулација и моделирање, комутациони (склопни) пренапони и заштита од нив.

Кратка содржина: Вовед. Основни поими и дефиниции. Област на изучување. Молња – извор на атмосферските пренапони и нејзини карактеристики. Заштита од директни удари на молњата и СЗАП. Заштита на објектите, надземните водови и електроенергетските постројки. Простирање на бранови по водовите. Прекршување и одбивање. Петерсеново правило. Искришта и одводници на пренапони. Координација на изолацијата. Заземјување и импулсен отпор. Моделирање. Заштита на разводните постројки и трафостаници од упадни бранови. Комутациони пренапони во ЕЕС. Пренапони при вклучување и исклучување на реактивни елементи и долги водови. Примена на Matlab/Simulink за анализа на комутационите пренапони. Моделирање и пресметки.

Основна литература:

  1. Р. Ачковски, Техника на висок напон 2 (интерна скрипта), ФЕИТ, Скопје, 2008.
  2. Р. Ачковски, А. Крколева, Збирка задачи по предметот техника на висок напон 2 (интерна скрипта), ФЕИТ, Скопје, 2008.
Дополнителна литература:
  1. Р. Миновски, Атмосферски пренапони, ЕТФ-Скопје, Скопје, 2000.
  2. M. Padelin, Zaštita od groma, Školska knjiga, Zagreb, 1987.
  3. M. Savić, Z. Stojković, Tehnika visokog napona – Atmosferski prenaponi, ETF, Beograd, 1996.
  4. M. Savić, Visokonaponski rasklopni aparati, Beopres, Beograd, 2004.
  5. M. Savić, Tehnika visokog napona – prenaponi atmosferskog porekla. Zbirka rešenih zadataka, III izdanje. ETF, Beograd, 1996.
  6. Р. Миновски, Збирка задачи – Пренапони во електроенергетските системи. Бранови процеси на водовите и разводните постројки. ЕТФ, Скопје, 1984.