ЕМ

Оценување

Oценувањето по предметот ќе оди по 3 категории:

  1. прв колоквиуми (решавање задачи) со вкупно 100 поени,
  2. втор колоквиуми (решавање задачи) со вкупно 100 поени,
  3. усмен испит, со повеќе кратки прашања од кои некои ќе бидат со заокружување на точен одговор, а други со одговарање со 1-2 реченици, со вкупно 100 поени.

Од горните три категории може да се добие најмногу 300 поени. Вкупниот број поени од трите категории ќе го поделиме со 3 и ќе добиеме бодување со најмногу 100 поени. За оценка 6 е потребно да се освојат 51 поен. За секоја наредна оценка ќе треба дополнителни 10 поени.

Во текот на семестарот ќе се добиваат и специјални домашни задачи. Поените од нив се додаваат на сумата од 300 поени, така што може да се доби повисока оценка ако се има помалку поени во некоја од трите наведени категории.

Од специјалните задачи може да се добијат вкупно 60 поени.

Откако максималната можна сума од специјалните задачи се додаде на 300 може да се освојат максимум 360 поени (300 поени се за оценка 10). Бидејќи вкупната сума ја делиме со 3, испаѓа дека на крајот специјалните домашни задачи ќе имаат тежина од 20 поени (на скала од 0 до 100, заедно со нив може да се стигне до 120). Како што погоре беше наведено со 20 поени може да се добие оценка поголема за 2. Тоа значи дека ако некој студент ги реши специјалните задачи и ако според поените од првите 3 категории заслужил оценка 7 заедно со задачите ќе добие оценка 9.