РЕЕС

Вовед

Добредојдовте на страницата за предметот Режими на работа на ЕЕС (РЕЕС), којшто е задолжителен во седмиот семестар на студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС).

Наставник: проф. д-р Мирко Тодоровски

Соработник: д-р Петар Крстевски

Фонд на часови: 3+2+0+0

Цели на предметот: Разбирање на принципите на експлоатација на ЕЕС и улогата на одделните елементи на ЕЕС во неговото функционирањето во поглед на напонските прилики, тековите на моќност, трошоците за работа и преносните можности. Оспособеност за пресметки и студиски анализи во областа на експлоатација на ЕЕС.

Кратка содржина: Дијаграм на оптоварување и крива на траење на оптоварување. Трошоци за работа на генераторите во термоцентралите. Решавање на преносни електроенергетски мрежи. Приближно решавање на електроенергетски мрежи. Оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали и преносна мрежа моделирана со DC моделот. Оптимална работа на ЕЕС составен од термоцентрали и преносна мрежа моделирана со AC моделот. Оптимално ангажирање на агрегати. Оптимално работа на ЕЕС составен од хидроцентрали и термоцентрали. Пробабилистичка симулација на работата на ЕЕС.

Основна литература:

  1. М. Тодоровски, Р. Ачковски, Режими на работа на ЕЕС (интерна скрипта), ФЕИТ, Скопје, 2015.
  2. М. Тодоровски, П. Крстевски, Збирка задачи по предметот режими на работа на ЕЕС (интерна скрипта), ФЕИТ, Скопје, 2015.
Дополнителна литература:
  1. Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg, and Gerald B. Sheblé. Power Generation, Operation and Control. John Wiley & Sons, 2013.
  2. F. Milano. Power System Modelling and Scripting. Springer, London, 2010.
  3. Atif S. Debs. Modern Power Systems Control and Operation. Kluwer Academic Publishers, Boston/Dordrecht/London, 1988.