РЕЕС

Материјали

Предавања

Како основна литература за предметот се препорачува интерната скрипта: М. Тодоровски, Р. Ачковски, Режими на работа на ЕЕС (ФЕИТ - 2015 година). Во неа покрај предавањата се содржани и задачи за аудиториските вежби по предметот. Таа може да се преземе од следната локација:

Програми

За анализа на посложени случаи ќе се користат готови програми изработени во Matlab. Начинот за нивно користење е опишан во скриптата по предметот, при што програмите во Matlab се идентични за која било негова верзија. Скоро без никакви измени програмите можат да бидат користени и во GNU Octave кој е бесплатен. Програмите може да се преземат од следната локација:

Дополнителни задачи

Дополнителните задачи се собрани од колоквиумите по два други предмети од кои е произлезен тековниот предмет Режими на работа на ЕЕС. Тие се само делумно решени, при што решенијата не се детално опишани. Сепак тие можат да послужат за продлабочено запознавање со материјалот на аудиториските вежби.