Дипломираните електротехнички инженери на студиската програма Електроенергетски системи се стекнуваат со знаења и вештини кои вклучуваат примена на современи компјутерски методи и алатки за решавање на широк спектар проблeми од техниката, енергетиката и општо областа на ЕЕС. Интересот за областите на нивното можно дејствување е во постојан раст при што континуирано се отвораат нови можности за вработување во Македонија и во странство. Тие имаат прилика да изградат сопствен бизнис во било која област на електроенергетските системи, почнувајќи од најситните домаќинства, преку малите и средни претпријатија до најкрупните инустриски погони. Овде само ќе потсетиме дека најголемиот дел од успешните приватни фирми во Македонија се формирани и/или се водат токму од дипл. електроинженери. Електроенергетскиот сектор во сите е земји е меѓу најсилните и водечки стопански гранки. Тој добива уште повеќе на значење со либерализацијата на пазарите на електрична енергија и нивна регионализација. Можните клиенти на идните дипломирани инженери од областа на ЕЕС се бројат во десетици и стотици илјади.
Дипломираните инженери имаат единствена прилика да бидат дел од електроиндустријата, како една од најстабилните дејности, која во текот на повеќе децении вработува голем број инженери. Во оваа област им се нудат можности за успешна кариера и добро платена работа во преносни и дистрибутивни компании (ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН), во јавниот сектор, како и во консултантски, проектантски и производни фирми. Ваквите кадри се сè повеќе барани во нашата земја и во светот, каде нашата диплома важи без никакви ограничувања.