На студиската програма Електроенергетски системи (ЕЕС) студентите се стекнуваат со практични знаења и вештини од областите: пренос, дистрибуција, продажба и употреба на електрична енергија. Во текот на студирањето се користат современи софтверски алатки за симулација и анализа на ЕЕС, како и за изучување на областите планирање и управување на ЕЕС, техника на висок напон, нисконапонски инсталации и осветление и квалитет на електрична енергија. Истовремено, студентите имаат можност да се запознаат со елементите на ЕЕС и низ пракични лабораториски вежби во лабораториите на факултетот.
Дипломираните инженери имаат единствена прилика да бидат дел од електроиндустријата, како една од најстабилните дејности, која во текот на повеќе децении вработува голем број инженери. Во оваа област им се нудат можности за успешна кариера и добро платена работа во преносни и дистрибутивни компании (ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН), во јавниот сектор, како и во консултантски, проектантски и производни фирми. Ваквите кадри се сè повеќе барани во нашата земја и во светот, каде нашата диплома важи без никакви ограничувања.
Списокот на предмети од студиската програма ЕЕС (акредитација 2017) можете да го најдете на следната адреса.
Материјалите и други информации за предметите кои ги предаваат наставниците од ПЕЕС може да се најдат доколку од горното мени се одбере опцијата Предмети.
Литература која е обезбедена од Министерството за образование и наука на Република Македонија
Избирајќи ја студиската програма ЕЕС новозапишаните студенти стекнуваат право да конкурираат за една од 15-те стипендии што компаниите ЕВН Македонија, ЕСМ и МЕПСО вообичаено ги доделуваат секоја учебна година. Висината на стипендијата изнесува 6000 денари месечно и се доделува во 10 месеци од годината. Стипендијата автоматски се продолжува и во следните учебни години, се до крајот на студирањето, доколку се задржи просечна оценка од најмалку 8.
Повеќе информации за уписите на ФЕИТ можете да добиете на web страницата на ФЕИТ. Регистрирајте се во системот за уписи iKnow на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на http://www.upisi.ukim.mk.
Во едукацијата на дипломираните инженери на студиската програма ЕЕС учествуваат сите институти на ФЕИТ. Во текот на студиите на студиската програма ЕЕС дипломираните инженери се здобиваат со современи познавања на електроенергетските системи и се оспосособуваат за примена на најсовремени софтверски алатки за решавање на проблеми од областа на: